КРИСТОФЕР НОЛАН СПРЕМА НОВ ФИЛМ СО МЕТ ДЕЈМОН И ТОМ ХОЛАНД ВО ГЛАВНИТЕ УЛОГИ

Лос Анџелес, (Вараети)

Том Холанд ќе му се придружи на Мет Дејмон во новиот филм на Кристофер Нолан, за кој засега ништо не се знае. Нолан го напишал сценариото и ќе го режира филмот, кој веќе има датум на премиерата – 17 јули 2026, како што претходно објави студиото „Јуниверзал“.

Деталите од дејството се држат во тајност, но извори од продукцијата кажаа дека филмот нема да се случува во сегашно време.

Нолан е и продуцент на филмот, заедно со својата деловна партнерка и сопруга Ема Томас. Тој и „Јуниверзал“ првпат соработуваа на „Опенхајмер“, кој годинава триумфираше на Оскарите.

Дејмон веќе двапати снимаше со Нолан, додека Холанд, кој се прослави како Спајдермен, првпат ќе глуми во негов филм.

(Фото: АП)