ЛЕСНО Е КОГА ГЛУМИШ СО НАЈДОБРИОТ ПРИЈАТЕЛ, КАЖА АКТЕРКАТА ЗЕНДАЈА ЗА СОПРУГОТ ТОМ ХОЛАНД НА ПРЕМИЕРАТА НА „СПАЈДЕРМЕН“ ВО ЛОНДОН

Лондон, (Би-Би-Си)

Холивудската двојка Том Холанд и Зендаја заедно дојде на премиерата на новиот филм „Спајдермен: Сосема нов ден“ во Лондон.

Филмот е најновото продолжение од популарната франшиза, во кое Холанд повторно се појавува во улогата на Питер Паркер, односно Спајдермен, додека Зендаја ја игра неговата партнерка Ем-Џеј.

Во разговор со медиумите, актерката рече дека снимањето со сопругот не ѝ претставува никаков предизвик.

„Мислам дека кога сте најдобри пријатели, сѐ е многу лесно“, рече Зендаја.

На премиерата, таа носеше впечатлив шампањ фустан инспириран од пајажина. На прашањето дали нејзиниот моден избор е поврзан со приказната во филмот, низ смеа одговори:

„Не можам да кажам. Толкувајте го како што сакате.“

Том Холанд, кој веќе десет години го игра ликот на Спајдермен, рече дека снимањето на новото продолжение било вистинско уживање.

Том Холанд на премиерата во Лондон (Фото: Гети)

„Ги играме овие ликови веќе десет години и ни беше убаво во секоја минута. Секогаш е возбудливо кога има нешто ново што можеш да му го донесеш на ликот“, рече актерот.

На прашањето дали ова е неговото последно појавување како Спајдермен, Холанд не сакаше да открие детали.

„Ќе мора да го погледнете филмот, можеби таму ќе го добиете одговорот“, кажа актерот.

Фото: Гети