„Спајдермен: Сосема нов ден“ со Том Холанд во главната улога шеста недела по ред е најгледан филм во кината во Америка. Со тоа стана само вториот филм во последниве десет години на кој му успеало тоа.
Неговата вкупна заработка во светот достигна 2,4 милијарди долари. Големиот успех доаѓа откако филмот уште на отворањето постави рекорд со заработка од 360 милиони долари во Америка.
Во новото продолжение Том Холанд повторно го игра Питер Паркер, а во актерската екипа се и Зендаја, Џон Бернтал, Марк Рафало и Сејди Синк.
Успешно лето има и „Одисеја“ на Кристофер Нолан, кој досега заработи 1,63 милијарди долари во светот. Успехот на двата филма придонесе за силно лето за холивудската филмска индустрија, со проценета заработка од околу 4,76 милијарди долари.
(Фото: АП)