Младата поп-пејачка Марија Спасовска ја промовираше новата песна „Страв“, која за неа ја напиша композиторот Никола Мицевски е снимена во студиото на Дејан Момировски.
За песната е снимен и спот кој е снимен во Скопје и во Солун каде што поп-пејачката студира, а го режираше Томислав Живковиќ. За новиот сингл, Спасовска вели дека е модерна песна која од прво слушање ѝ се допаднала, а ја промовираше на фестивалот Макфест.
Еден од првите поголеми настапи на Марија Спасовска беше во Минск, во Белорусија во 2018 каде што ја претставувапе Македонија на Детската Евровизија.