Продуцентот Николче Мицевски направи нова верзија на македонската народна песна „Жали горо жали сестро“. Ја испеа пејачката Жаклина Маркоски која е од Струмица, а последните 30 години живее во Америка.
„За мене ова е една од најубавите македонски народни песни. Среќна сум што имав прилика да соработувам со Николче Мицевски и мислам дека го извадивме максимумот. Се надевам на уште наши заеднички соработки и во иднина” , рече пејачката. За песната е снимен спот на на Пелистер, кој го работеше „Зага продукција”.
Николче Мицевски е еден од најангажираните домашни композитори, автор на песните од албумите на Каролина Гочева, „Македонско девојче“ и „Извор“.
Минатата година, тој со концерт во Филхармонијата го промовираше авторскиот проект „Нова ера“, и со музиката од овој албум одржа уште неколку концерти низ Македонија.