Норвешката електро-поп атракција „Рејксоп“ (Röyksopp) првпат доаѓа во Македонија, како учесник на 26. издание на фестивалот Таксират, што ќе се одржи на 7 декември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Од „Пасворд продукција“ најавија дека Свеин Берге и Торбјерн Брундтланд ќе настапат со диџеј сет.
Дуото е основано во 1998 година и досега има објавено 34 синглови и осум студиски албуми, од кои произлегоа и големите радиохитови „So Easy”, „Poor Leno” и „What Else Is There?”. Бендот често соработува со женски вокали, меѓу кои се истакнуваат Робин, Сузан Сундфер и Карин Дрејер (Фивер Реј).
„Рејксоп“ ќе настапи на главната бина, заедно со претходно потврдените „Партибрејкерс“, Бејби Лазања и Хот Синс 82.
(Фото: Фејсбук)