„АРСЕНИК И СТАРА ТАНТЕЛА“, НОВА ПРЕТСТАВА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Театар Комедија ги започна подготовките за новата претстава „Арсеник и стара тантела“ од Јозеф Кеселринг, во режија и адаптација на Лидија Дедовиќ.

Денеска во театарот беше одржана првата проба за претставата, во која играат Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Столе Мицов, Сергеј Димовски, Наталија Теодосиева, Григор Јовановски, Тони Денковски, Маја Љутков, Илија Илиоски и Виктор Арсов.

Драматург е Благица Секулоска, костимограф Ивана Каранфиловска, сценографијата е на Сергеј Светозарев, а музиката ја напиша Џијан Емин. Премиерата ќе се одржи во декември.