Музичкиот квартет „40 Фингерс“ ќе настапи во Скопје на 9 февруари во рамките на својата европска турнеја, објави „Пасворд продукција“, опишувајќи ја групата како глобален феномен. Концертот ќе се одржи во Филхармонијата.
Квартетот основан во 2017 го сочинуваат четворица италијански гитаристи кои свират на инструментите директно со прсти. Позната по својот иновативен звук, групата има разновиден репертоар, од оригинални песни до обработки, од хард рок до класика.
На своите настапи изведува песни од „Квин“, Ерик Клептон, Бритни Спирс, „Тото“, „Битлс“, но и филмски нумери. Досега има објавено еден студиски и два концертни албуми.
Картите ќе бидат во продажба од 11 ноември.