Вечерва (8 ноември) од 20 часот, скопскиот Драмски театар ќе гостува на сцената на Битолскиот театар со претставата „Мојот маж“, работена според колажот раскази на Румена Бужаровска, во режија на Нела Витошевиќ. Гостувањето е по повод јубилејот 80 години Народен театар.
Драматург е Викторија Рангелова-Петровска, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а сценограф е Константин Трпеноски. Музиката е избор на Нела Витошевиќ. Во претставата играат Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева-Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.
Драмскиот театар ја изведе оваа претстава и во Београдско драмско позориште, Местно гледалишче во Љубљана, Градско позориште во Подгорица и на летната сцена на Бриони на хрватското издание на фестивалот РУТА.