ТАНЦОВИТЕ НАТПРЕВАРИ „ДЕНС МАСТЕРС“ И „МАКЕДОНИЈА ОПЕН“ ОД 15 ДО 17 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска (15 ноември) до 17 ноември, во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржуваат меѓународните танцови натпревари „Денс мастерс“ и „Македонија опен“. Натпреварите денеска почнуваат во 12 часот со модерни и спортски танци.

Утре од девет до 22 часот ќе се играат стандардни и латиноамерикански танци, а ќе се натпреваруваат деца и млади од повеќе возрасти. В недела од осум часот ќе се играат стандардни, латиноамерикански и спортски танци, а во 19:30 часот почнува гала вечерта со латиноамерикански и спортски танци кои ќе се играат соло и во тимови.

Ќе се натпреваруваат танчари од 30 земји. Билетите чинат 300 денари.