АНА ИВАНОВИЌ И ШВАЈНШТАЈГЕР ГО ДОБИЈА СИНОТ ЛУКА

Чикаго, (Блиц)

Поранешната најдобра светска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер станаа родители.

Како што објавија српските медиуми, Ивановиќ се породила ноќеска во Чикаго, каде што нејзиниот сопруг настапува моментално, а името на синот ќе биде Лука. Швајнштајгер го пропуштил натпреварот против Минесота за да присуствува на породувањето.

Ана и Бастијан се венчаа во Венеција во 2016 година, што беше прогласено за спортска свадба на годината. Набргу потоа, шампионката од Ролан Гарос ја заврши тениската кариера, а Швајнштајгер го напушти Манчестер јунајтед и се пресели во Чикаго фаер.