САМО 3% ОД КОРИСНИЦИТЕ БИ СЕ СОГЛАСИЛЕ НА УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА НА ФЕЈСБУК

Виена, (ДПА)

Мнозинство корисници на Фејсбук немаат идеја на што сѐ се согласуваат кога се регистрираат на оваа социјална мрежа, покажа едно истражување што го спроведе Универзитетот во Виена.

Анкетата упати преку илјада испитаници во различни клаузули од условите и правилата на користење на Фејсбук, како „политика“ на вистинско име, неплатено користење на името и на фотографиите на корисниците во рекламни цели и анализа на личните податоци за студии и развој на производи.

Резултатите покажаа дека 99% од испитаниците не знаеле дека ја даваат својата согласност за сите овие работи.

Исто така, само три отсто од нив кажале дека би ги прифатиле сите клаузули од правилата и условите на Фејсбук, доколку би им бил даден избор.

Студијата заклучува дека не може да станува збор за информирана согласност од страна на корисниците на Фејсбук.