Уште од „Аватар“, никој така не доминирал на кино-благајните како „Црниот Пантер“.

Тој стана првиот филм по мегахитот на Џејмс Камерон од 2009 година кој пет недели по ред бил на првото место според заработката.

Не успеа да го загрози ниту „Томб рајдер“, кој имаше солидно глобално отворање од 84,5 милиони долари, од кои 41,1 милион во Кина.

„Дизни“ проценува дека „Црниот Пантер“ заработил 27 милиони долари овој викенд, зголемувајќи го вкупниот приход на домашна почва на 605,4 милиони. На светско ниво, тој ја надмина заработката од 1,1 милијарда долари.

Иако филмот на Рајан Куглер имаше слаба конкуренција во февруари и март, ваква низа е реткост во денешниот филмски свет. Пред „Аватар“, тоа му успеало на „Шестото сетило“ во 1999 година.