ТОМ ХАРДИ Е НОВИОТ АЛ КАПОНЕ

Лос Анџелес, (Вараети)

Повеќе од три децении по Роберт де Ниро, во улогата на Ал Капоне ќе го видиме Том Харди.

Британскиот актер потврди на Инстаграм дека ги почнува подготовките за филмот „Фонзо“, во којшто ќе го игра најпознатиот мафијаш на сите времиња, кој почина во 1947 година.

Филмот ќе се фокусира на последните години од животот на Капоне, кој по 11 години затвор, болен од деменција, го чека крајот во својата вила на Флорида.

Ова не е првпат Харди да глуми озлогласен криминалец. Тој прво се прослави со улогата на Чарлс Бронсон, со кого се дружел во затворот додека се подготвувал за филмот.

Сценарист и режисер на „Фонзо“ е Џош Тренк, чиј последен филм беше „Фантастична четворка“ во 2015 година, а во други главни улоги се потврдени Мет Дилон, Кајл Меклахлан и Линда Карделини, која ќе ја игра сопругата на Капоне.