Група научници-аматери од канадската провинција Алберта не можеле да кажат што е тој светлечки виолетов, понекогаш зелен, лак што се појавува на ноќното небо.
Не беа сигурни ниту физичарката Елизабет Мекдоналд од НАСА и Ерик Донован, професор по астрономија на Универзитетот во Калгари, на кои групата која ја следи поларната светлина им ги покажала своите фотографии кога се сретнале во еден паб.
„Тие ги снимија овие прекрасни фотографии од овој феномен, а јас не можев да им кажам што е тоа. Знаев само дека не е протонска аурора, како што помислија тие“, вели Донован.
На феноменот му требаше име, па едноставно го нарекоа Стив, според лик од еден анимиран филм, што, всушност, е англиска скратеница за „силно зголемување на брзината на топлинската емисија“.
Таа може да се забележи појужно од поларната светлина и, според последните заклучоци, станува збор за „оптичка манифестација“ на друг феномен. Стив, всушност, е видлива трага од јонизирачки гас, што патува со брзина од 6,4 километри во секунда.
„Оваа соработка на НАСА со научници-аматери е една нова ера“, вели Донован.