СИНОТ НА ЛЕО МЕСИ ИМАШЕ ФУДБАЛСКО ДЕБИ НА 12 ГОДИНИ

Аргентина, (АП)

Тијаго Меси, 12-годишниот син на Лео Меси, дебитираше за Интер Мајами на детскиот турнир Купот Њуелс, што се одржа во аргентинскиот град Росарио. Младиот Меси го носеше дресот со број 10, а неговиот тим изгуби со 1:0 од домаќинот Њуелс олд бојс, клубот во кој неговиот татко ја почна фудбалската кариера.

Лео Меси не беше на трибините, но Тијаго доби поддршка од мајка му Антонела Ракуцо и други членови на семејството, вклучувајќи ги дедо му Хорхе и баба му Селија. За Интер играше и Бенхамин Суарес, синот на уругвајската легенда Луис Суарес.

Тијаго доби поддршка од мајка му Антонела Ракуцо и од баба му Селија (Фото: Гети)

Лео Меси е роден во Росарио и помина пет години во академијата на Њуелс олд бојс, пред да премине во Барселона на 13-годишна возраст. Таму стана еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, по што играше за ПСЖ, од каде што замина во Интер.

(Фото: Ла Насион)