КОМЕДИЈАТА „ГИМНАСТИКА ЗА БРЕМЕНИ ЖЕНИ“ ВЕЧЕРВА ВО ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (26 ноември) од 20 часот, во Велешкиот театар гостува Драмско-куклениот театар од Враца, Бугарија, со комедијата „Гимнастика за бремени жени“ од Здрава Каменова, а во режија на Петринел Гочев.

„Четири трудници, сите по име Марија, се среќаваат на час по гимнастика за трудници и ова познанство ги води до непромислено бегство и најлудата ноќ во нивните животи. Ова е претстава за најекстремното искуство, патување низ апсурдите, лудилото и љубовта на четири трудници, четворица мажи и еден ексцентричен предавач“, пишува во најавата на претставата.

Истата претстава ќе се одигра и во Скопје, на сцената на Драмскиот театар, на 28 ноември од 20 часот.

П. ПЕЧКОВ