„БРИТИШ ЕРВЕЈС“ ДИЗАЈНИРАШЕ НОВО ЛУКСУЗНО СЕДИШТЕ ВО ПРВА КЛАСА, ДОЛГО ДВА МЕТРА

Лондон, (Си-Ен-Ен)

Авиокомпанијата „Бритиш ервејс“, го претстави новиот дизајн за своето првокласно авионско седиште, кое треба да биде лансирано со авионите „А380“ во 2026.
Првото нешто што ќе ги изненади патници на „Бритиш Ервејс“ е просторноста на новиот производ. Ова седиште е широко 92 сантиметри и се протега во рамен кревет кој се простира 2 метра во должина.

Седењето на седиштето е повеќе слично на лежење на фотелја или мал тросед. Дизајнирано е за еден патник, а е удобно и одговара за две лица и е значително поголемо од сегашното седиште во авионите „А380“од прва класа на авиокомпанијата. Калум Ламинг, главен службеник за клиенти на „Бритиш ервејвс“ за „Си-Ен-Ен“ рече дека на дизајнот се работи веќе неколку години.

Поголемите седишта се дизајнирани за конфигурација на кабината со 12 седишта, заменувајќи го актуелниот распоред со 14 седишта. Секое седиште од прва класа има и 32-инчен екран за лична забава.

Седиштата, исто така, овозможуваат она што Ламинг го нарекува ситуација  на„другарско јадење“. Ако седите на двете седишта во центарот на кабината со пријател, партнер или член на семејството, можете да ја подигнете преградата на седиштата за да создадете заеднички простор за одмор или спиење.