НАД 500 ГОСТИ И 60 БЕСПЛАТНИ КОНЦЕРТИ ВО ПРОГРАМАТА НА 11. ПИН КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Повеќе од 500 гости и 60 концерти се најавени на 11. издание на ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал, што ќе се одржува од 28 до 30 ноември во Младински културен центар како веќе традиционална најава на Таксират. Влезот за сите настани е бесплатен.

ПИН е настан кој го претвора Скопје во центар на европската музичка индустрија, ги поврзува сите релеванти двигатели на сцената и ги поместува границите, нудејќи разновидна палета на жанрови преку панели, работилници и перформанси. Во овие три дена ќе учествуваат културни професионалци од целиот свет, како менаџери, букери, промотори и организатори, а концерти ќе се одржуваат на шест бини

Официјалното отворање е вечерва во 19 часот, а целосната програма може да се види на pinconference.mk.

Музичарите кои ќе настапат на ПИН доаѓаат од повеќе од 30 земји, како од цела Европа, така и од Јапонија, Буркина Фасо, Мали и Конго. Меѓу нив се Бубакар Траоре, Лука Рајиќ, „Аваланш Каито“, „Берлин Менсон“, Ида Престер, „Хелем нејсе“, „Фули мизики“, „Пичвајз“, „Хајка“, „Занаду“ и десетици други.

(Фото: Пасворд)