СОЦИЈАЛНА ЗГРАДА ВО БАРСЕЛОНА ЈА ДОБИ НАГРАДАТА НА БРИТАНСКИТЕ АРХИТЕКТИ ЗА НАЈДОБРА НОВА ЗГРАДА ВО СВЕТОТ

Лондон, (Дезин)

Проект за социјално домување во Барселона, чиј автор е локалното студио „Перис+Торал“, е годинашниот добитник на меѓународната награда РИБА, што ја доделува Кралскиот институт на британски архитекти за најдобра нова зграда во светот.

Зградата беше фалена за нејзиниот дизајн со модуларна дрвена рамка, што промовира флексибилност за своите жители, за што жирито рече дека се стреми да покаже вистинска промена. Довршена во 2022, зградата се состои од 85 станови со еднаква големина кои се организирани околу централната кујна.

Според студиото, ова е најголемата станбена зграда во Шпанија со дрвена структура, изградена од 8.300 кубни метри дрво, собрани од шумите во Баскија.