Вечерва (5 декември) од 20 часот, по 100. пат ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Констанинов-Џинот“. Таа имаше премиера во април 2017 и седум и пол години билетите за неа бргу се распродаваат.
Во режија на Александар Ивановски, претставата е работена по текст на британскиот автор Џо Пенхол. Улогите ги толкуваат Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски и Самоил Стојановски.
Приказната е за двајца психијатри кои се обидуваат да се справат со млад шизофрен пациент, кој е заглавен во лавиринтот на својата болест, но и во лавиринтот на психијатриската клиника.
Билетите и за јубилејната 100. претстава се распродадени. Таа е една од најдолговечните и најиграни претстави на Велешкиот театар во неговата историја.
П. ПЕЧКОВ