Рок-бендот „Галија“ ќе одржи концерт на 28 декември во Скопје, со кој ќе прослави 50 години постоење. Концертот насловен „50 години со вас“ е дел од јубилејната турнеја на еден од најпознатите рок-состави во регионот и ќе се одржи во салата на Филхармонијата,
„Галија“ е сснована во 1976 година во Ниш, Србија и е една од најдолговечните рок групи на поранешната југословенска сцена. Предводена е од пејачот Ненад Милосављевиќ.
„Јубилејната турнеја е посветена на публиката која ја следи групата во изминатите пет децении, а концертот во Скопје ќе биде можност за заедничко потсетување на песните што оставија траен белег на регионалната рок-сцена“, велат организатоеите, продукција „Прагма“. Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.