Најстарата позната птица на светот снесе јајце на возраст од 74 години, нејзино прво во последните четири години, објавија од Американската агенција за див свет и риби.
Албатросот Виздом се врати во националниот резерват Мидвејски Атол на северозападниот раб на хавајскиот архипелаг и го снесе, како што проценуваат експертите, своето 60. јајце. Виздом и нејзиниот партнер Акекамаи создавале подмладок на атолот во Тихиот Океан од 2006.
Албатросите имаат ист партнер цел живот и годишно снесуваат по едно јајце.
„Акекамаи не е виден неколку години, па Виздом почнала да комуницира со друг мажјак кога се врати минатата недела. Оптимисти сме дека јајцето ќе се изведе“, изјави Џонатан Плиснер, супервизор во националниот резерват Мидвејски Атол.
Албатросите живеат меѓу 12 и 40 години и научниците се заинтригирани да дознаат како Виздом успеала да живее толку долго и да има толку пилиња.