Денеска (13 декември) од 20 часот, во Театар Комедија ќе се изведе премиерата на претставата на Турскиот театар „Слепци“, работена според истоименото дело на Морис Метерлинк и книгата ,,Погубни идентитети” од Амин Малуф. Претставата ќе има титл на македонски јазик.
Режисер е Ќендрим Ријани, музиката е на Емрах Џемаили, а костимите на Медина Хоџа и Маја Ѓуреска. Играат Џенап Самет, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Слаѓана Вујошевиќ, Емине Халил, Зубејде Али, Инес Радончиќ и Един Јакуповиќ.
Во претставата, единаесет слепи ликови, фрлени во просторот, се трудат да го најдат патот и да се вратат назад. Притоа одново доживуваат моменти од нивните животи.