ПОПУЛАРНИ ДЕЛА ОД ШТРАУС, БИЗЕ И ЧАЈКОВСКИ НА НОВОГОДИШНИОТ КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА НА 26 ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Традиционалниот новогодишен концерт во Филхармонијата ќе се одржи на 26 декември од 20 часот.

Популарни класични дела ќе свири оркестарот на Филхармонијата, а концертот е насловен „Слушни! Доаѓа Новата…“

На репертоарот се увертирата на „Кармен“ од Бизе, „Танцот на цвеќињата“ од балетот „Оревокршачка“ од Чајковски, и неколку познати дела од Јохан Штраус како „Виенска крв“, оп. 354,  „Царски валцер“, оп. 437 „На убавиот син Дунав“, оп. 314 „Радецки марш“, оп. 228 и други.

Ќе диригира Елена Митревска.

 

Фото: К.Попов