На 19 декември од 20 часот, Оркестарот на Филхармонијата ќе одржи концерт насловен „Меѓу срцето и умот“ на кој како солистка ќе настапи виолинистката Алена Баева од Луксембург. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Сергеј Прокофјев и Симфонија бр. 8 од Дмитри Шостакович.
Табаков се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори, свири контрабас и има дипломирано диригирање и композиција.
Алена Баева го има завршено Централното музичко училиште при Московскиот конзерваториум „Чајковски“. Нејзината биографија опфаќа повеќе од 40 концерти за виолина и оркестар низ Европа, Азија и Америка.