ЈУЛИЈАНА ГЕШОСКА ОТВОРА САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (17 декември) во 20 часот, во Младински културен центар во Скопје ќе биде отворена изложбата на слики „Уметничко (по)стоење“ на ликовната уметница Јулијана Гешоска.

Гешоска досега се има претставено на 30-ина групни изложби во Македонија, Франција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Турција, Бугарија и други земји и била учесник на над 30 ликовни колонии. Имала и повеќе самостојни изложби, како во Скопје, Пула, Љубљана и Приштина.