„БОГ НА КОЛЕЖОТ“ ВО РЕЖИЈА НА ВЕСНА ПЕТРУШЕВСКА ПРЕМИЕРНО ВО МНТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Денеска (24 декември) од 20 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) премиерно ќе се изведе претставата „Бог на колежот“, по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза, а во адаптација и режија на Весна Петрушевска.

Играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски и Наталија Теодосиева. Преводот на текстот е на Рајна Кошка-Хот, сценограф е Татјана Христоска, костимограф е Наталија Терзија, а сценските движења се на Кренаре Невзати-Кери.

Изборот на музиката е на Петрушевска, а автор на песната „Пепел и мрак” е Игор Џамбазов.

„Оваа копродукциска претстава нуди можност да се погледнеме кои сме макар на 90 минути, за време на што публиката е учесник во арената“, велат од МНТ.

Првата реприза е закажана за 25 декември.

(Фото: принтскрин од видео)