ВО ЈАПОНИЈА БОЖИЌ Е КАКО ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ, СЕ ИЗНАЈМУВААТ ХОТЕЛСКИ СОБИ ЗА 2.000 ДОЛАРИ ПО НОЌ

Јапонија, (Си-Ен-Ен)

Во западната култура, Божиќ е тој период од годината кога семејствата се собираат околу трпезата отворајќи раскошно завиткани подароци. Некои одат во црква.

Но, во Јапонија, празничната сезона одамна доби и друго значење. Божиќ се смета за уште еден ден на вљубените, покрај 14 февруари. Двојките одат на посебен состанок на Бадник, разгледуваат празнични украси, вечераат во луксузни ресторани и престојуваат во луксузни хотели.

Љубовта е во воздухот насекаде. Во Токио, најраздвижените области како Ропонги и Гинза се полни со вљубени фатени за рака на улиците кои се со осветлени дрвја. Се нудат луксузни хотелски соби со спектакуларен поглед кои лесно достигнуваат до 2.000 долари од ноќевање.

Младите двојки Божиќ во Јапонија го сметаат за ден на вљубените (Фото: АП)

Младите луѓе во Јапонија имаат обичај да останат со своите родители додека не се венчаат, па затоа поминувањето една ноќ заедно надвор од домот се смета за посебно задоволство.

Оваа година, хотелот „Риц карлтон“ во Токио нуди „романтично бегство“ кое вклучува ваучер за богата вечера и лизгање на мраз на лизгалиште на отворено.

Рестораните и продавниците, исто така, ја користат можноста да објават специјални комплети за вечера и попусти на низа подароци, од чоколади до накит.

 

Фото: Гети