На отворено, во центарот на населба Чашка поставена е ликовна изложба Мал формат, на дела од студенти на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје. Претставени се 18 дела од исто толку автори, студенти. Ова е вторпат да се организира ликовна изложба на отворено во Чашка.
„Мал формат е студентска изложба на графики. Може да се види во Галерија под отворено небо – Чашка. На поставката се дел од делата од новогодишната изложба која традиционално се одржува секоја година, во галеријата на ФЛУ во Скопје“, кажа Драганчо Таневски уметник и наставник по ликовно во ОУ „Тодор Јанев“ во Чашка и ОУ „Петар Поп Арсов“ во Богомила.
П. ПЕЧКОВ