Што јадете пред да излегувате ќе влијае на тоа дали навистина убаво ќе си поминете или ќе бидете личноста за која сите ќе зборуваат следниот ден.
Солени грицки
Една од најлошите работи кои алкохолот ги прави на телото е дехидрација. Затоа, грицки како пуканки, чипс и соленки, кои ја сушат устата, се лош почеток на забавата. Наместо тоа, посегнете по нешто што содржи многу вода, како парчиња краставици или лубеница.
Салата
Иако зеленчукот е добар за организмот на многу начини, сите знаеме дека јадењето едноставна салата пред излегување е како излегување со празен стомак. Подобро збогатете ја салатата со некои форми на протеини, како пилешко месо, на кое ќе му треба подолго време да се свари во организмот и ќе го забави зголемувањето на нивото на алкохол во крвта.
Суши
Настрана фактот дека миксот од сирова риба и вотка не е баш вкусно, туната измешана со сос од соја е пресолена комбинација за организмот. Сол = дехидрација, а пиење + дехидрација = најлош мамурлак во вашиот живот.
Помфрит
Сите ќе признаеме: ништо не звучи поубаво од огромен куп крцкав помфрит. Но, маснотиите што ќе ги внесете во стомакот пред да пиете, гарантирано ќе се појават подоцна.
Ептен зачинета храна
Размислете за ова: ако го нарушува вашиот стомак кога сте трезни, ќе се чувствувате двојно полошо кога ќе бидете пијани. Колку и да сакаме зачинети парчиња месо, најдобро е да ги оставите настрана пред бурна ноќ.