МЕГАН МАРКЛ ЈА ОДЛОЖИ СВОЈАТА НОВА СЕРИЈА НА „НЕТФЛИКС“ ПОРАДИ ПОЖАРИТЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Меган Маркл го одложи своето ново шоу на „Нетфликс“ до март поради катастрофалните пожари во Лос Анџелес, кои досега однесоа најмалку 24 животи. Серијата „Со љубов, Меган“, која се снимаше во градот Монтесито во јужна Калифорнија, требаше да има премиера на 15 јануари.

Нетфликс“ соопшти дека ѝ дал полна поддршка на Маркл во нејзиното барање за одложување на серијата, опишувајќи ја како „искрена посвета на убавините на јужна Калифорнија“.

Новиот датум на премиерата е 4 март. Најавено е дека серијата ќе има осум 30-минутни епизоди и во неа ќе се појават и познати личности.