Кортизолот, често познат како „хормон на стрес“, игра клучна улога во реакцијата на организмот на стрес. Кога сме под стрес, нивото на кортизол се зголемува.
Хроничен стрес и постојано покачени нивоа на кортизол можат негативно да влијаат на здравјето, што доведува до проблеми како зголемување на телесната тежина, анксиозност и дигестивни проблеми. Одредена храна може да го влоши овој процес со зголемување на нивото на шеќер во крвта.
Американската нутриционистка Миранда Смит препорачува да се избегнува храна која го зголемува нивото на кортизол во крвта. Преработените јаглехидрати, како бел леб, колачи и слатки грицки, брзо се разградуваат во шеќер, предизвикувајќи скок на нивото на шеќер во крвта. Овој ненадеен скок е проследен со ненадеен пад, што може да доведе до чувство на раздразливост, замор и стрес.
Пржената храна често е богата со нездрави транс масти и омега-6 масни киселини, кои можат да го зголемат воспалението во телото. Смит објаснува дека хроничното воспаление е стрес за телото, а за да се справи со него, телото ослободува кортизол, примарен хормон на стрес. Пржената храна е исто така мрсна и тешка за дигестивниот систем.
„И пресолената храна може да доведе до задржување на течности во телото. Ова може да предизвика состојба на дехидрација или електролитен дисбаланс, што телото го доживува како стрес. Како одговор, телото ослободува кортизол за да го регулира балансот на течности и да го одржува крвниот притисок, што дополнително може да го зголеми нивото на стрес“, вели Смит.
(Фото: Фрипик)