ТЕЈЛОР СВИФТ ГИ ПОВИКА МИЛИОНИТЕ ФАНОВИ ДА ДОНИРААТ ЗА ПОГОДЕНИТЕ ОД ПОЖАРИТЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС, НАЈАВЕН И ДОБРОТВОРЕН КОНЦЕРТ

Лос Анџелес, (Скај)

Пејачката Тејлор Свифт ги повика своите обожаватели да донираат за погодените од смртоносните шумски пожари во Лос Анџелес.

Обраќајќи им се на своите 282 милиони следбеници на Инстаграм, Свифт рече дека е тажно и жално да се гледа како толку многу семејства се уништени од пожарите што горат во округот Лос Анџелес повеќе од една недела. Дваесет и пет луѓе загинаа, а повеќе од 80.000 сè уште се под наредба за евакуација.

„Пожарите во Калифорнија опустошија толку многу семејства и беше потресно да се видат овие приказни. Толку многу страдања, загуби и несреќи. Додека толку многу луѓе се соочуваат со најпредизвикувачкиот период во нивните животи, има и многу неверојатни организации и групи кои се здружуваат за да им помогнат на овие заедници да се обноват“, вели ѕвездата.

Музичките ѕвезди планираат и добротворен концерт за жртвите на пожарот, на кој учество најавија Стинг, Били Ајлиш, „Ред хот чили пеперс“, Лејди Гага, Пинк, Род Стјуарт, Гвен Стефани, „Грин деј“, Кејти Пери, Стиви Никс и други. Тој ќе се одржи на 30 јануари на две локации во Калифорнија и ќе се пренесува на неколку дигитални платформи.

(Фото: АП)