ВОЗОВИТЕ НА „ОРИЕНТ ЕКСПРЕС“ СЕ ВРАЌААТ ВО 2026 СО ЛУКСУЗНИ АПАРТМАНИ

САД, (Дејли паспорт)

Има нешто романтично во патувањето со воз на долги релации. Можеби тоа е носталгија по побавното темпо на живот или можеби е убавата глетка низ прозорецот. „Ориент Експрес“, трансконтиненталната европска железничка услуга, која првично постоела од 1883 до 1977 година, наскоро се враќа на шините.

Пред да стане познато име благодарение на романот на Агата Кристи од 1934 година, „Убиство во Ориент Експрес“, возот што го создаде белгискиот бизнисмен Жорж Нагелмакерс ја започнал својата служба во 1883, одејќи од Париз до Виена. Неколку години подоцна, рутата беше проширена до Истанбул (тогаш Константинопол), што го прави првиот трансконтинентален брз воз во Европа. Тој ги поврзуваше Западна и Источна Европа со постојки во големите градови, како Виена и Будимпешта. По неколку децении опаѓање на бројот на патници, оригиналниот „Ориент Експрес“ бил прекинат во 1977.

17 стари вагони на брендот кои датираат од 1920-тите и 1930-тите ќе се вратат на шините во 2026 (Фото: Алами)

Речиси 50 години подоцна има добри вести за оние кои сакаат повторно да го доживеат златното доба на патувањето со воз на долги релации. „Акор хоспиталити груп“, која го презеде брендот „Ориент Експрес“, објави дека 17 стари вагони на брендот кои датираат од 1920-тите и 1930-тите ќе се вратат на шините во 2026. Артур Метета ги открил вагоните во 2015 додека вршел истражување за докторатот за историјата на „Ориент експрес“. Седеле напуштени на железничка станица на границата меѓу Полска и Белорусија.

Откако ќе започне услугата, гостите ќе уживаат во стилски уреден бар и ќе можат да се сместат во луксузни апартмани украсени со дрво, кожен мебел и приватни бањи од мермер. Ќе има и претседателски апартман од 600 квадратни метри.

Во меѓувреме, компанијата веќе почна да прима резервации за новиот „La Dolce Vita Orient Express“. Дебитирајќи во пролет 2025, оваа елегантна услуга ќе однесе до 62 патници на осум рути низ 14 различни региони на Италија. Гостите можат да очекуваат кујна водена од наградуваниот готвач Хајнц Бек и луксузни соби.

Новите железнички услуги не се единствените возбудливи проекти на хоризонтот на „Ориент Експрес“. Напролет, брендот ќе го отвори својот прв луксузен хотел во Рим.