На 21 февруари во 18ч се отвора традиционалниот Саем за венчавки во скопскиот хотел „Александар палас“. Ова ќе биде 13. издание на саемот, кој ќе трае до 23 февруари.
Традиционално, ќе се одржи модна ревија со познати личности кои ќе носат модели на венчаници на домашни дизајнери.
„На настанот ќе земат учество голем број на изложувачи од сите сфери на свадбената индустрија: дизајнери и ателјеа за венчаници, ресторани, музички групи, покани, бурми и накит, подароци, декорации за свадба, фотографи, костуми и обувки, храна“, велат организаторите, магазинот „Во бело“.
Над 1.000 нови модели на венчаници и костуми ќе можат да се пробаат на саемот.
Водителката и модел Марјана Станојковска на ланскиот Саем за венчавки (Фото: Ѓ. Личовски)