На 14 февруари во Македонскиот народен театар ќе се одржи ќе стендап претстава со двајца македонски комчари, Марјан Георгиевски и Бојан Велевски.
Настанот кој се одржува на денот на љубовта и виното е со наслов „Трифун vs. Валентајн“ и во сценариото секој од комичарите навива за различен празник.
„Целта ни е публиката да се препознае во нашите настапи и да ужива во контрастот помеѓу традицијата и модерните сфаќања за љубовта“, велат комичарите.
Влезниците се продаваат преку мрежата на www.kupikarta.