За 24 часа се продадени 3.000 билети за новото стендап шоу на Стефан Николовски насловено „Ацо е наш“, кое ќе се одржи на 12 декември во „Т арената“ во Скопје, објави продукцијата „Прагма“. Според организаторите, првите 1.000 билети биле продадени за само три часа од пуштањето во продажба.
Ова ќе биде најголемиот стендап настап на Николовски досега, а шоуто ќе биде поставено на сцена од 360 степени во центарот на арената, со публика од сите страни. Како специјален гостин на Николовски ќе му се придружи актерот Тони Михајловски. Засега не се откриваат повеќе детали за содржината на шоуто.
Николовски е еден од најпопуларните македонски стендап комичари од помладата генерација, кого публиката го познава по хумористичните настапи и содржините на социјалните мрежи. Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.