Барон Трамп, синот на новиот американски претседател Доналд Трамп и Меланија Трамп, привлече големо внимание на вчерашната инаугурација во Вашингтон. Тој имаше само десет години кога неговиот татко го освои првиот претседателски мандат и сега се враќа во Белата куќа како 18-годишник.
„Имам многу висок син кој се вика Барон, сте слушнале за него? Тој многу добро ја сфаќа важноста на гласот на младите. Ми кажуваше: ‘Треба да излезеш надвор и да го направиш ова или она‘. Тој многу добро ги разбира младите и знае дека тие гласаат“, кажа Трамп на инаугурацијата.
Барон Трамп, кој во март ќе наполни 19 години, е висок два метра и лани се запиша на престижното бизнис училиште „Стерн“ на Њујоршкиот универзитет. Тој наводно го советувал татко му да се поврзе со гласачите од генерацијата З, која игра клучна улога во модерните политички кампањи. Токму Барон го убедил Трамп да гостува во популарниот подкаст на Џо Роган, што беше голем успех откако собра 50 милиони прегледи.
(Фото: Гети)