САУДИСКА АРАБИЈА ЈА ГРАДИ КУЛАТА „ЏЕДА“, КОЈА ЌЕ БИДЕ НАЈВИСОКАТА ЗГРАДА НА СВЕТОТ

Џеда, (Дезин)

По неколкугодишна пауза, повторно почна да се гради кулата „Џеда“ во Саудиска Арабија, објави компанијата „Кингдом холдинг“. Дизајнот е на архитектонското студио „Адриан Смит+Гил Гордон“ од Чикаго.

Според компанијата, изградбата ќе заврши во 2028, со што „Џеда“ ќе биде највисоката зграда во светот.

Фото: Дезин

Облакодерот, претходно познат како кула „Кралство“, првпат беше најавен во 2011, а изградбата започна во 2013. Иако конечната висина не е откриена, се планира облакодерот да достигне најмалку 1.001 метар. Ова ќе го направи најмалку 173 метри повисок од 828 метри високиот облакодер „Бурџ калифа“ во Дубаи, моментално највисоката зграда во светот.