Бен Афлек ќе го замени Мет Дејмон во новиот трилер на „Нетфликс“, „Животни“ (Animals), чиј режисер е самиот Афлек. Неговиот долгогодишен пријател првично требаше да има главна улога во филмот, но се повлече поради снимањето на „Одисеја“ на Кристофер Нолан.
Филмот ќе почне да се снима во Лос Анџелес овој април, а снимањето на „Одисеја“ се очекува да започне на различни локации подоцна во февруари.
„Животни“ следи градоначалник и неговата сопруга, чиј син е киднапиран. Опкружена со многу непријатели, двојката нема избор освен да ги „извалка рацете“ и да направи сѐ за да си го спаси синот.
Иако Дејмон нема да се појави во филмот, тој останува во проектот како продуцент заедно со Афлек.
(Фото: Гети)