Арнолд Шварценегер се наоѓа во стабилна состојба, откако бил подложен на итна операција на срцето, јавуваат американските медиуми.
Сајтот ТМЗ објави дека 70-годишниот актер и поранешен гувернер на Калифорнија бил примен во болница во Лос Анџелес за замена на катетерски вентили за подобрување на крвотокот, што требало да се направи со еден вид експериментален хируршки зафат, кога се појавиле компликации. Откако замената не успеала, лекарите решиле да се направи итна операција на отворено срце.
Операцијата траела неколку часа, објави ТМЗ, а веста досега не е потврдена од претставниците на Шварценегер.
Тој првпат бил на операција на срцето во 1997 година, кога му биле вградени овие канали, по што откри дека неговото семејство има историја на срцеви проблеми.