ПРЕТСТАВЕН ИЗГЛЕДОТ НА ЦЕНТРАЛНИОТ ХРАМ НА ГОДИНАШНИОТ ФЕСТИВАЛ БРНИНГ МЕН

Мадрид, (Дезин)

Шпанскиот архитект Мигел Араис го претстави дизајнот на монументалниот храм што ќе биде поставен на годинашното издание на фестивалот Брнинг мен во пустината во Невада. Араис е првиот Шпанец кој доби задача да ја дизајнира централната инсталација на легендарниот музичко-уметнички фестивал.

Наречен Храмот на длабочината, дизајнот е инспириран од вулканската географија на Блек Рок Сити, привремениот град што секоја година прима десетици илјади посетители.

Хептагоналната купола ќе биде изградена од дрво, а потоа ќе биде поцрнета со боја, горење или со хемиски третман. Ќе има комплексен систем за внатрешна поддршка, што ќе ѝ овозможи на структурата да биде отворена во средината и да се зголеми вентилацијата.