МЕЛАНИЈА ТРАМП РЕТКО СЕ ПОЈАВУВА ВО ЈАВНОСТ ДЕНОВИВЕ, АМА СЕКОГАШ БЛЕСКА

Вашингтон, (AOL)

Меланија Трамп се држеше настрана цело време додека се засилуваше скандалот со порно-ѕвездата Сторми Даниелс, избирајќи да помине време со синот Барон на Флорида.

Првата дама на САД, конечно, се појави во јавност и го посети медицинскиот центар „Сент Мери“ во Палм Бич, за да им однесе велигденски подароци на младите пациенти.

Меланија не ја пропушти и оваа можност да импресионира со својата појава, облекувајќи костим на Адам Липс, кој чини 1.280 долари.

„Уживав во мојата посета на ‘Сент Мери‘ денеска. Убаво е да се помине малку време со нивните храбри пациенти и вредни лекари и медицински сестри“, напиша госпоѓа Трамп на Твитер.

Овој месец, првата дама се појави на само три јавни настани. – На церемонијата на доделувањето на меѓународните награди за храбри жени (Фото: АП)

Таа ги сведе своите јавни појавувања на минимум во последно време. Последен пат беше видена на 15 март, кога го придружуваше својот сопруг при посетата на ирскиот премиер Лео Варадкар во Белата куќа за Денот на свети Патрик. Тогаш носеше фустан од Брендон Максвел, еден од омилените дизајнери на Мишел Обама и Леди Гага, кој чини 1.595 долари.

Една недела претходно, таа облече костим на Емилио Пучи за церемонијата на доделувањето на меѓународните награди за храбри жени.