ПОРТУГАЛСКАТА ФАДО ПЕЈАЧКА МАРИЈА МЕНДЕШ ЌЕ БИДЕ ГОСТИНКА НА КОНЦЕРТОТ НА ЏЕЗЕРИТЕ НА 25 МАРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на 25 март од 20 часот во Националната опера и балет, на кој гостинка ќе биде Марија Мендеш, португалска пејачка и композиторка која живее во Холандија. Диригент ќе биде маестро Владимир Николов.
Музиката на Мендеш е уникатна мешавина од џез и португалска фадо музика. Заедно со пијанистот и аранжер Џон Бизли, Мендеш преработува стари фадо песни во модерни, џез аранжмани. Оваа сорабтка им донесе четири номинации за Греми.
Токму овој материјал, дополнително обработен за Биг Бенд оркестар од страна на Владимир Николов, ќе се свири на концертот. Билетите се продаваат преку мрежата на МК тикетс.
„Една од омилените песни на Марија е ‘Com Que Voz’, стара песна од Португалија, чиj текст датира од пред 500 години. Напишана е од поетот Луиш де Камоеш, кого многумина го сметаат за португалски Шекспир. Оваа песна ја поставува атмосферата за публиката да стане сведок на една незаборавна вечер“, велат од НЏО.