„РЕНЏ РОВЕР ВЕЛАР“ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈУБАВ АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Ренџ ровер велар“ е прогласен за најубав автомобил на светот, добивајќи ја наградата за најдобар дизајн во рамките на Светските автомобилски награди, доделени на Автосаемот во Њујорк.

„Велар“ е опишан како уникатна комбинација на одличен дизајн и инженерски интегритет, со што внесе гламур, елеганција и модерност во семејството на „Ренџ ровер“.

„Тој е извонреден, супериорен теренец, исклучително модерен и со привлечен дизајн и иновативна технологија за информации и забава. Овој производ зборува сам за себе“, изјави Ралф Спет, извршниот директор на „Јагуар Ленд ровер“.

Претходно, со оваа награда се закитија уште три модела на компанијата, „Ф-тајп“, „ивок“ и „Ф-пејс“. Револуционерниот дизајн на „велар“ има совршено оптимизирани пропорции и неверојатно привлечна силуета.

Дизајниран и произведен во Велика Британија и именуван според концептот од 60-ите години, „велар“ е достапен со шест различни мотори.