„ЛЕГО“ НАПРАВИ СО КОЦКИ НОВА ВЕРЗИЈА НА „СОНЧОГЛЕДИ“ НА ВАН ГОГ

Холандија, (Ројтерс)

Музејот на Ван Гог во Амстердам ги здружи силите со данскиот производител за играчки „Лего“ за да создаде своја верзија на сликата „Сончогледи“.  Стоејќи пред ремек-делото на Ван Гог од 1889 година, една од серијата слики со сончоглед по која сликарот е најпознат, кустосот на музејот Ниенке Бакер за Ројтерс изјави дека се надева оти верзијата на „Лего“ ќе им помогне на повеќе луѓе да се запознаат со неговиот живот и дело.
„Одлично е што луѓето, всушност, можат сами да ја градат композиција на начин на кој сликарот гради композиција“, рече таа.
Составен од 2.615 парчиња „Лего Сончогледи“ е помал од сликата на Ван Гог, но сепак се потребни се многу часови за да се направи. Составен е од постоечки форми и бои на тули со исклучок на специјално создадена тула со потпис на Ван Гог.
Стијн Оом, дизајнер во приватната данска компанија, рече дека било предизвик да се изберат вистинските бои, но дека препознатливиот стил на сликање на Ван Гог, со видливи, смели потези со четка, го позајмил за тридимензионалниот модел на „Лего“.