Oрганизаторите на Евровизија ја поканиле канадската пејачка и поранешна победничка Селин Дион да настапи како специјална гостинка на финалето во Базел во мај.
Портпаролот на ЕБУ потврди дека воделе дискусии, но ништо сѐ уште не е договорено, најмногу поради лекувањето на пејачката која има синдром на вкочанета личност (СПС), што предизвикува грчеви на мускулите.
56-годишната канадска ѕвезда со години трпела болни грчеви во мускулите и секој потенцијален настап би бил одлука во последен момент.
И покрај нејзината болест, Дион лани пееше на отворањето на Олимписките игри во Париз (фото) , одбележувајќи го нејзиниот прв настап после 2019. Во ноември, настапи и во Саудиска Арабија.
Во 1988, позајмена од Канада, Дион победи на Евровизија како претставник на Швајцарија со „Ne Partez Pas Sans Moi”, што ѝ помогна во светската кариера.
Евровизија ќе се одржува од 10 до 17 мај во Базел.
(Фото: Гети)