МАЈКА МИ НЕ САКАШЕ ДА СТАНАМ МОДЕЛ КАКО НЕА, РЕЧЕ ЌЕРКАТА НА КЕЈТ МОС

Париз, (Дејли мејл)

Модната недела во Париз заврши со ѕвезденото шоу на „Ив Сен Лоран“ на 11 март, надоврзувајќи се на ревијата на „Шанел“. И не беше изненадување што во публиката беа имиња како Кејт Мос, нејзината ќерка Лајла и Хејли Бибер.

Кејт Мос носеше црни панталони и палто и проѕирна кошула.

Кејт Мос на Модната недела во Париз (Фото: Гети)

Лајла (22) тргна по стапките на мајка ѝ со првото појавување како модел на 15 години, во кампања на „Марк Џејкобс“. Кејт Мос, која во јануари наполни 50 години, била откриена од водечки моден агент кога имала само 14 години, а две години подоцна почна да се појавува во реклами и списанија, станувајќи една од омилените ѕвезди на „Вог“.

Лила на Модната недела во Париз (Фото: Гети)

И покрај тоа што нејзината мајка е еден од најпознатите модели во бизнисот, Лајла откри дека Кејт сакала да ја одврати за да не ги следи нејзините стапки.

„Мајка ми секогаш ме одвраќаше од манекенството. Секогаш велеше: ‘Ако сакаш да го направиш тоа, можеш, но јас не би ти препорачала‘“, кажа Лајла Мос.