Трите концерти на Здравко Чолиќ во Скопје кои требаше да се одржат на 18, 19 и 21 март се одложени поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа најмалку 59 луѓе. Владата прогласи седумдневна жалост.
„Ве известуваме дека претстојните концерти на Здравко Чолиќ во Скопје се одложуваат. Ве замолуваме, пред сѐ, да покажеме солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество, а следниот понеделник, по завршувањето на деновите на жалост, ќе објавиме повеќе информации за овие концерти“, вели организаторот „Мк тикетс“.
Првите два концерта на Чолиќ со симфониски оркестар требаше да се одржат во салата „Борис Трајковски“, а третиот на 21 март во салата „Јане Сандански“.
(Фото: Фејсбук)